Објавени номинациите за Греми: Бијонсе има дури девет

Бијонсе со своите Греми статуетки во 2017 година / Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Американската Академија за дискографска уметност и наука ги објави номинациите за 65-тото доделување на наградите Греми, кои ќе се одржат во Лос Анџелес на 5 февруари.

По бројот на номинации, води Бијонсе, која благодарение на нејзиниот албум „Renaissance“ има дури девет. Таа во својата кариера 88 пати беше номинирана за престижната награда, исто колку и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи. По овој критериум, двајцата се рекордери во историјата на Греми.

Пејачката на хитот „Break My Soul“ е во конкуренција со некои од најголемите награди на вечерта, вклучително и музичка снимка на годината (се доделува на изведувачот и продуцентот на песната), албум на годината и песна на годината (се доделува на авторот на музиката и на текстот на песната).

Следен по број на номинации е Кендрик Ламар со вкупно осум, додека Адел и Бренди Карлајл заработија по седум. Мери Џеј Блајџ, диџеј Калед, Фјучер, Д Дрим, Ренди Мерил и Хари Стајлс имаат по шест номинации.

Овогодинешното доделување на наградите Греми ќе опфатат пет сосема нови категории.

Со 28 победи до сега, Бијонсе е најнаградуваната жена уметник во историјата на Греми.

За комплетната листа на номинации, посетете ја веб-страницата grammy.com.

Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

Бијонсе се врати со нов албум: Со „Renaissance“ започнува нова клупска ера

Бијонсе пее за неверството на Џеј Зи и за скандалот со нејзината сестра во новиот албум „Renaissance“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот