Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум

бијонсе
Бијонсе / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Бијонсе ја откри насловната страница на нејзиниот долгоочекуван албум „Renaissance“, кој треба да излезе кон крајот на јули, а на фотографијата дивата позира полугола во минијатурен „оклоп“ и седи на рефлектирачки коњ.

„Овој албум ми овозможи да создадам место за соништа и бегство од застрашувачкиот свет во кој се наоѓаме. Тоа ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристичко во време кога речиси ништо не се случуваше. Мојата намера беше да создадам безбедно место, место без осудување. Место каде што ќе се ослободите од перфекционизмот и претераното размислување. Место за врисок, чувство на слобода“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Како и во историската слика на Џон Колиер масловена „Lady Godiva“, Бијонсе се трансформираше во витез во сјаен, внимателно поставен оклоп што ги покрива сите интимни места.

„Се надевам дека ќе најдете радост во оваа музика. Се надевам дека ќе ве инспирира и дека ќе се чувствувате уникатно, силно и секси какви што сте“, заклучи пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Обожавателите едвај го чекаат објавувањето на нејзиниот албум, а Бијонсе несомнено ги маѓепса со смелата фотографија.

Бијонсе најави албум по шест години

„Ова го чекавме, кралице“, „Требаше да нè предупредиш пред да ја објавиш оваа фотографија“, „Ти си кралица на светот“, „Бијонсе имај милост“, „Неверојатна си“, „Те обожавам“, „Ти си божица“, се само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

На почетокот на овој месец, Бијонсе ја објави првата песна од албумот „Break Your Soul“, која веднаш стана хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот