Бијонсе најави албум по шест години

Бијонсе/Фото: Пинтскрин/Инстаграм

Бијонсе го најави нејзиниот следен соло албум, „Renaissance“, кој треба да излезе на 29 јули, пишува „The Guardian“.

Откако 40-годишната музичарка ги сподели зборовите „act i… RENAISSANCE“ на нејзините профили на социјалните мрежи, платформите за стриминг, вклучувајќи ги „Spotify“, „Apple Music“ и „Tidal“, исто така објавија минималистички уметнички дела со истата формулација и им понудија на фановите можност однапред да го зачуваат изданието. Списокот на „Apple Music“ сугерира дека проектот ќе се состои од 16 песни.

Фото: Instagram-принтскрин

Ако, како што изгледа, Renaissance е традиционален соло албум на Бијонсе, или прв од неколку дела. Тоа ќе биде нејзино седмо вкупно, и продолжение на нејзиниот албум „Lemonade“ од 2016 година.

Оттогаш, таа исто така издаде заеднички албум со Џеј Зи, „Everything Is Love“, во 2018 година и „The Lion King: The Gift“, саундтракот за анимираниот римејк на „Дизни“ на „The Lion King“, во 2019 година. Објави и сингл „Be Alive“, за саундтракот на филмот „King Richard“ во ноември 2021 година.

Обожавателите на Бијонсе беа припремени за веста откако таа ја избриша сликата на профилот од нејзините платформи на социјалните мрежи на почетокот на овој месец, а нејзината веб-страница го најави новиот проект со зборовите:  „What is a B7?“, (Што е B7?).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот