Егзит започнува фестивал и во Македонија, со „Гет ЕГЗИТед“ журка во Струмица

Фото: Промо

Eгзит го најави покренување на фестивалот и во Македонија, планиран за 2023 година. Ќе му претходи големата „Get EXITed“ (Гет ЕГЗИТед) журка.

„Get EXITed“ (Гет ЕГЗИТед) забавата пристигнува во Струмица! Големиот еднодневен настан, во организација на тимот на Егзит Фестивалот и во соработка со градот Струмица, ќе биде одржан во среда, 7 септември, со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници.

Единствениот концепт на „Get EXITed“ музичкиот настан беше претставен на прес-конференција во Струмица, на која се обратија градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов и претставници на Егзит.

„’Get EXITed’ пристигнува на 7 септември во Струмица! Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“ – изјави по овој повод градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов.

„Од самото основање на Егзит постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да свратиме кај вас! Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што во семејството на Егзит-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот ‘Get EXITed’ музички настан во септември во Струмица. Една од основните визии на овој проект е вовед во креиреањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но во овој момент фокусот ни е на големата Get EXITed журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“, од тимот на Егзит.

„Get EXITed“ како концепт на еднодневен музички настан ќе направи одличен вовед во првото издание на големиот македонски фестивал кој е планиран за следната година. Егзит е најголемата организација на музичката индустрија во Југоисточна Европа, која има свои девет фестивали во седум држави. Покрај матичниот фестивал, кој повеќе од 20 години традиционално се одржува во Нови Сад, Егзит досега има организирано бројни фестивали и големи концерти, како што се „Но Слип“ фестивалот во Белград, „Си Денс“ и „Ада Дивајн Авејкенинг“ во Црна Гора, „Револушн“ во Романија, „Си Стар“ во Хрватска, „Еховејвс“ во Грузија, „Фестивал 84“ во Босна и Херцеговина, „Санленд“ на плажата Перла во Бугарија, концертите на Роби Вилијамс и Мадона во Белград, „Ред Хот Чили Пеперс“ во Инѓија и многу други.

Мисијата на Егзит од самото настанување е поврзување на регионот и промоција на мирот, како и брендирање на дестинации и изградба на нивниот препознатлив имиџ.

Иги Азалиа вечерва на Егзит: Петроварадинската тврдина подготвена за добар рап

ВИДЕО | Химната на Ромите одекна на Егзит: Легендарната „Џелем Џелем“ на Есма Реџепова во современ електронски звук

Калвин Харис и Кирил Џајковски на ЕГЗИТ! Спектакл со 60 нови изведувачи на фестивалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот