Калвин Харис и Кирил Џајковски на ЕГЗИТ! Спектакл со 60 нови изведувачи на фестивалот

Калвин Харис/ Кирил Џајковски/ Фото: Профимедиа/ Фејсбук

Калвин Харис, најуспешниот диџеј и продуцент на сите времиња, пристигнува на ЕГЗИТ фестивал! Оваа повеќекратно наградувана музичка суперѕвезда ја предводи моќната објава на Егзит на повеќе од 64 нови имиња, меѓу кои се Џејмс Артур, „Маскед Вулф“, Џоел Кори, Џекс Џонс, Зу, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Реиниер Зоневелд, Сатори, Денис Султа, „Сепултура“, „Напалм Дет“, но и музичкиот гениј на македонската електронска сцена Кирил Џајковски, како и многу други изведувачи за дури пет фестивалски бини на Петроварадинската тврдина, кои заедно бројат преку неверојатни 50 милијарди прегледи на Јутјуб и стриминг-платформите! Сите тие се придружуваат на претходно најавените Ник Кејв и „Д Бед Сидс“ и Борис Брејча во новото издание на Фестивалот, кое ќе биде одржано од 7 до 10 јули 2022 под слоганот „Заедно. Засекогаш!“, а наскоро стигнуваат и уште големи музички имиња!

Славниот диџеј хедлајнер на Главната бина

Калвин Харис е една од најголемите суперѕвезди во историјата на ЕГЗИТ! Апсолутниот хедлајнер на Главната бина, магазинот „Форбс“, шест години по ред го стави на #1 место на листата на најплатени диџеи на светот, со заработка поголема од 300 милиони долари, што е дури трипати повеќе од вкупната заработка на Дејвид Гета и Мартин Гарикс. Овој мегауспешен продуцент, пејач и текстописец досега освои 32 најпрестижни музички награди, вклучувајќи ги Греми, Билборд, Ем-ти-ви и Брит, покрај дури 118 номинации. Познат е по рушење рекорди и поставување стандарди – неговите песни имаат импресивни 35 милијарди аудио и видео стримови, и го надмина Мајкл Џексон по бројот на песни од еден албум кои се нашле на британската топ 10 листа!

Откога победи на британското натпреварување „Икс фактор“, пејачот Џејмс Артур го освојува светот, а сега доаѓа и на главната бина на Егзит, броејќи во овој момент преку пет милијарди прегледи и стримови!

Неговата интерпретација на песната „Impossible“ го достигна првото место на британската топ листа на синглови и стана најпродаваниот победнички сингл на целокупното натпреварување. Следуваа големите хитови како „Say You Won’t Let Go“, која исто така го достигна првото место на британската топ листа и стана една од најслушаните песни на „Спотифај“, потоа „Train Wreck“ и „Naked“, додека неговиот нов албум „It’ll All Make Sense in the End“, како и сите претходни, се најде меѓу првите три албуми.
Австралискиот рапер „Маскед Вулф“ кој се наоѓа во врвот на Билборд листата на најбарани нови изведувачи, се придружува на тимот хитмејкери на Главната бина на Егзит. Тој е автор на планетарно виралната песна „Astronaut In The Ocean“, која е прогласена за најголем хит на 2021 година на ТикТок!

Уште еден „Јутјуб милијардер“ кој пристигнува на главната бина е британскиот диџеј и хитмејкер Џекс Џонс. Неговиот пробој на музичката сцена се случи со соработката со Дјук Думонт на синглот „I Got U“, кој набргу го достигна првото место на британската сингл топ листа.

Џекс Џонс и уште едно ново име на Егзит– диџејот и продуцент Џоел Кори лани го објавија заедничкиот сингл „Out Out“ кој е обработка на планетарниот денс-хит „Alors on Danse“ на Стромае.
Две песни кои ја обележаа претходната година се клупската химна „Love Tonight“, која на ЕГЗИТ ја носи австралискиот есид-хаус двоец „Шоус“ и „Do It To It“, која за публиката на главната бина ќе ја изведе „Акрејз“. Своите мегахитови „Faded“, „In the Morning“ и „Working For It“ енергично ќе ги претстави ЗУ.

Хани Дижон на Денс Арената

Настапите на еден од најпознатите фестивалски танцови подиуми – фамозната Денс Арена, ги потврдија претставничката на хаус звукот, модната икона и активистка Хани Дижон, предводникот на светската сцена и продуцентскиот гениј Масео Плекс, холандската сензација, која зад себе има распродадени сали и најуспешниот настап на минатогодишниот „Амстердам Денс Евент“, еден од моментно најбараните техно продуценти Реинир Зоневелд, потоа младиот Британец со завидна кариера, музичко знаење и сестран пристап кон денс музиката Денис Султа, претставничката на новата генерација на италијанската техно сцена Анфиса Летјаго, членовите на угледниот „Afterlife“ лејбл – техно дуото „Матаме“, како и словенечката хаус-диџејка во подем Брина Кнаус. Уметничка нота на електронската музика ќе дадат единствениот изведувач Сатори и сестраниот мултиинструменталист и лајв-перформер Монолинк. Заеднички сет со брилијантниот техно звук носат кралицата на палестинската сцена, единствената Сама’ Абдулади и АНА, која светската сцена ја освои доаѓајќи од Бразил.

На „Фјужн“ бината пристигнуваат добитникот на Греми наградата за животно дело и икона на панкот Марки Рамон, еден од пионерите на електронската музика со балкански етно елементи Џајковски, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши Паст Авеј“, еден од концертно најатрактивните бендови од регионот – панк-фолк бендот „Бркови“, култните риечки и повторно собрани панкери „Параф“, како и „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коуч Парти“ и Сана Гариќ.

Жестоката „Експлозив“ бина ја предводат „Бери Тумороу“, „Дисчарџ“, „Инкантејшн“, „Москов Дет Бригаде“, „Нервоса“ и „Танкард“, а настапите ќе ги засилат и „Архитект оф пеин“, „Блек Тут“, „Чеинс“, „Хереси“, „Мадвро“, „Мискондукт“, „Ноктифериа“, „Оатхбрингер“, „Прогон“, „Шајнинг“, „Стреинџер“, „Терминал Проспект“ и „Андерстоунс“.

На „Икс бас Пит“ бината ќе настапат локалните драмендбејс изведувачи Бабун, Бане, Бо Џа МЦ, Базин, Кодекс, Дроп Сенсеи, Еуфорикс, Индукт, Неми, Соулдрајв, Синфронисити, Тис и Ветас. 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот