ВИДЕО | Химната на Ромите одекна на Егзит: Легендарната „Џелем Џелем“ на Есма Реџепова во современ електронски звук

Есма Реџепова
Есма Реџепова / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Познатиот холандски музичар Сатори и фестивалот Егзит објавија обработка од песната „Џелем Џелем“ на легендарната Есма Реџепова.

Песната важи за ромска химна, а Сатори во соработка со Егзит и даде современ електронски звук. Видеото е снимено на „Главната сцена“ на фестивалот, на 10 јули 2021, за време на настапот на Сатори што воедно беше и светска премиера не песната.

Во оваа единствена изведба се слуша вокалот на кралицата на ромската музика Есма Реџепова со дозвола на нејзиниот син Симеон Атанасов. Стиховите од оваа песна на конгресот на Меѓународната ромска унија во 1990 година беа усвоени за химна на Ромите, а ги има напишано легендарниот југословенски композитор со ромско потекло Жарко Јовановиќ, уште во дамнешната 1949 година.

„Гласот на Есма Реџепова ја пренесува болката на турбулентната историја на Балканот, а магичниот звук што во песната сега го додаде Сатори како да пружа исцелување и претставува тежнеење на новите генерации за постојан мир на овие простори, што е дел од мисијата на Егзит уште од самото основање“, изјави основачот на фестивалот Душан Ковачевиќ“, пишува српскиот портал „Блиц.рс“.

Песната е објавена на 1 јули една недела пред почетокот на овогодинешниот фестивал и е дел од албумот „Dreamin Colours“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот