ЕДИНСТВЕНО ВО СВЕТ: Палма отвори јавен тоалет во нива (ВИДЕО)

Поранешниот градоначалник на Јагодина и лидер на партијата Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма вчера со голема помпа и пред бројни новинари отвори полско ве-це и туш. Имено негова е идејата во сите села во Јагодина, а ги има 52, да се поставуваат јавни ве-це со тушеви на секои 300 метри.

„Претседателе ова е единствен случај во Србија, тоалет и туш кабина во нива, сосем сериозно праша новинар.

„Единствен во свет“, одговори возвишено Палма, па тргна да филозофира дека му смета кога земјоделците ги нарекуваат сељаци.

На крај само утврди дека „земјоделците мора да имаат тоалет, затоа што каде ќе одат во нужда кога нивите со пченка се ниски?“

Инаку од времето кога Палма беше градоначалник на Јагодина (сега е претседател на градското собрание) беше познат по бизарните потези. Така пред неколку години на своите граѓани им купи жирафа.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот