Еден тешко повреден во тепачка на мигранти во Сараево

Едно лице е повредено во тепачка меѓу мигранти на паркингот на трговскиот центар во Сараево.

Тепачката се случила во 19:53 часот, беше речено од оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.

– Едно машко лице (мигрант) претрпе повреди предизвикани од остар предмет. Брзата помош го превеneсе во болница и за него се грижат лекарите – соопшти полицијата.

Тие додадоа дека полицијата спроведува истрага и ги презема сите потребни мерки за пронаоѓање на сторителите и учесниците во тепачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот