Е. Пелистер и Целје Пивоварна Лашко во финалето за трофејот на струшкиот турнир

Жарко Пешевски (Е. Пелистер) во акција, битолчани го совладаа и грчкиот АЕК/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Ракометарите на Е. Пелистер обезбедија ново финале на 50 издание на меѓународниот струшки турнир, откако со 27:26 го совлада грчкиот тим на АЕК Атина.

Иако на паузата имаа негатива од 12:16, во вториот дел играчите на Ларс Валтер направија целосен пресврт.

Македонскиот вицешампион го освои првото место во својата група и во финалната пресметка ќе го предизвика Целје Пивоварна Лашко од Словенија в сабота од 21.15 часот.

Претходно се одиграа уште два меча Татран Прешов дојде до вториот триумф откако го совлада домаќинот Струга со 36:21, додека Алкалоид и Бутел Скопје ремизираа (26:26).

За третото место на турнирот ќе играат Вардар 1961 и Татран Прешов од 19.15 часот, за петтото РК Алкалоид и АЕК Атина од 17.15 часот, а за седмата позиција Струга и Бутел Скопје од 10.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот