Имани Диа Смит - Фото: Икс/ The DisInsider

Ѕвездата од мјузиклот „Кралот лав“ пронајдена мртва во својот дом: Нејзиниот партнер е осомничен за убиството

Поранешната детска ѕвезда на Бродвеј, Имани Диа Смит, позната по улогата на младата Нала во мјузиклот „Кралот лав“ (The Lion King), била пронајдена мртва во семејната куќа во Едисон, сојузната држава Њу Џерси, на 21 декември, пренесува „Њујорк тајмс“.

Според информациите од Обвинителството на округот Мидлсекс, полицијата добила повик на бројот 911 поради пријава за напад во дом на улицата Гроув Авенија. По пристигнувањето, службениците ја затекнале Смит со тешки повреди. Таа била пренесена во Универзитетската болница „Роберт Вуд Џонсон“, каде што била прогласена за почината. Надлежните соопштиле дека случајот не бил случаен инцидент и дека жртвата и осомничениот се познавале меѓусебно.

На 23 декември бил уапсен Џордан Д. Џексон-Смол (35), партнерот на починатата актерка. Против него се поднесени обвиненија за убиство од прв степен, загрозување на благосостојбата на дете од втор степен, како и за незаконско поседување оружје и користење оружје за нелегални цели. Тој моментално се наоѓа во притвор и го очекува рочиште. Од Обвинителството нагласиле дека осомничениот се смета за невин сè додека вината не биде докажана со правосилна судска одлука.

По трагичната смрт на Имани, нејзиното семејство преку кампања на платформата GoFundMe, организирана од нејзината тетка Кира Хелпер, соопшти дека таа зад себе оставила тригодишен син, како и родители и браќа.

Во објавата се наведува дека Смит била „енергична, полна со љубов и исклучително талентирана личност“, а нејзината улога во „The Lion King“ ја одразувала радоста и креативноста што ја внесувала во сè што го работела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот