Џона Хил - Фото: EPA/JUSTIN LANE

ВИДЕО | Џона Хил се потсети на детството во Лос Анџелес и ја откри причината зошто пред три години го напушти „градот на ангелите“

Познатиот актер Џона Хил (42) ја шокираше јавноста со одлуката трајно да го напушти Лос Анџелес и да започне нов живот со сопругата Оливија Милар и нивните две деца во Сан Диего. За време на гостувањето во поткастот „СмартЛес“, актерот отворено зборуваше за причините поради кои реши да живее со семејството далеку од рефлекторите на Холивуд.

Хил објасни дека се преселил пред три години, веднаш штом го добиле првото дете. Тој со воодушевување зборуваше за своите соседи кои го третираат како обичен човек, а не како филмска ѕвезда.

„Живеам во многу мал град во Сан Диего. Мојот сосед е еден од моите најдобри пријатели, тој е доктор и никогаш не ме прашува за работата или за познатите личности“, изјави Хил, нагласувајќи дека во Холивуд оди само кога има деловни обврски.

Актерот, кој неодамна потврди дека се венчал со Милар и го добиле второто дете, со носталгија се присети на своето детство во Лос Анџелес во 90-тите години. Според него, тогаш светот бил поинаков, се возеле скејтови во центарот, се „шверцувале“ на филмски премиери и клубови, а сè било поедноставно бидејќи немало интернет.

И покрај семејната идила, името на Џона Хил во последно време се поврзуваше и со скандал. Неговата поранешна девојка, сурферката Сара Бреди, јавно го обвини за емоционално злоупотребување, објавувајќи пораки во кои тој наводно се обидувал да ја контролира нејзината кариера и облекување. Хил, кој во 2022 година ги избриша своите профили на социјалните мрежи, никогаш јавно не ги коментираше овие обвинувања, избирајќи да се фокусира на семејството и мирот во својот нов дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот