Џејкоб Елорди - Фото: EPA/CHRIS TORRES

Џејкоб Елорди е новиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд според обложувалниците, но на Британците тоа не им се допаѓа

Џејкоб Елроди неочекувано се искачи на врвот на обложувалниците како главен фаворит за улогата на новиот Џејмс Бонд, за ликот на агентот 007. Во моментов тој има најниска квота меѓу потенцијалните кандидати за улогата на славниот таен агент.

Интересот за него значително порасна по неговата улога во филмот „Оркански височини“, која привлече големо внимание кај публиката и критиката. Според проценките на обложувалниците, токму овој проект ги променил прогнозите во негова корист и го позиционирал како сериозен претендент.

Шпекулациите дополнително се засилија откако на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Елроди води разговори со студиото „Амазон Ем-џи-ем“ и со режисерот Дени Вилнев околу можната соработка. Сепак, засега нема официјална потврда ниту потпишан договор, пишува „Индепендент“.

Реакциите меѓу обожавателите се поделени. Додека дел од публиката ја поддржува идејата австралиски актер да ја преземе улогата, други – особено во Британија – сметаат дека ликот на познатиот британски шпион треба да остане во рацете на британски актер.

Елроди годинава привлече дополнително внимание и со улогата во филмот „Франкенштајн“, за која доби награди и номинации, што дополнително му го зацврсти угледот во Холивуд.

Покрај него, меѓу фаворитите подолго време се споменува и Калум Тарнер, додека Арон Тејлор-Џонсон и натаму важи за сериозен кандидат, особено поради претходните поврзувања со продуцентите на франшизата. Во трката се вбројува и Тео Џејмс, кој има силна поддршка од дел од публиката, како и Ентони Бојл.

Во различни фази од шпекулациите се појавуваа и имињата на Харис Дикинсон, Том Холанд, Хенри Кавил, Џејмс Нортон, па дури и Скот Роуз-Марш, но засега нема официјална потврда дека некој од нив е во завршни преговори.

Изборот на новиот Џејмс Бонд традиционално се одвива далеку од очите на јавноста, па сѐ додека продуцентите не ја објават конечната одлука, сите овие имиња ќе останат во доменот на шпекулации и обложувачки проценки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот