Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Џеј Зи конечно проговори за обвиненијата за силување: „Бев неконтролирано бесен“

Раперот Џеј Зи (56) во ретко интервју отворено проговори за тужбата за сексуално злоставување од 2024 година, во која беше обвинет за силување, а која подоцна беше отфрлена. Во интервју за „Џеј-кју“, по повод 30 години кариера, тој се осврна на тешкиот период и емоционалниот товар што го носел.

Според тужбата, жена од Алабама под псевдоним Џејн Ду тврдеше дека тој и Шон „Диди“ Комбс ја нападнале во 2000 година, кога имала 13 години. Случајот беше отфрлен во февруари минатата година.

„Беше тешко. Навистина тешко. Срцето ми беше скршено. Драго ми е што веднаш се фативме за работа за да го решиме. Бев навистина скршен поради сè што се случи“, изјави раперот.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Тој призна дека ситуацијата силно влијаела врз него.

„Бев бесен. Долго време не сум бил толку лут, неконтролирано бесен. Не можеш само така да му припишеш нешто некому, мора да бидеш апсолутно сигурен“, рече Џеј Зи, додавајќи дека од почеток знаел дека обвиненијата ќе паднат.

„Знаев дека ќе го пребродиме тоа бидејќи, пред сè, не е вистина. А вистината на крај секогаш победува“.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

По отфрлањето на тужбата, тој изјави дека станува збор за „неосновани и измислени обвиненија“ кои не можеле да опстанат. По завршувањето на случајот, Џеј Зи поднесе сопствена тужба против жената и нејзините адвокати, обвинувајќи ги за злонамерно гонење, злоупотреба на правниот процес и клевета. Во тужбата навел дека тие биле „водени од алчност, со целосно игнорирање на вистината“, додека Џејн Ду побарала судот да ја отфрли неговата тужба, тврдејќи дека нејзините изјави се правно заштитени.

Покрај правните проблеми, раперот зборуваше и за приватниот живот, нагласувајќи дека најголема смисла му дава улогата на татко. Тој и сопругата Бијонсе имаат три деца – Блу Ајви и близнаците Руми и Сир.

„Тоа на сè му дава смисла. Апсолутно на сè. Ќе патувам каде било, ќе работам што треба, но истата вечер се враќам дома. Сакам да ги носам на училиште, сакам да одам по нив“, рече тој.

Особено е горд на ќерката Блу Ајви, која настапи со мајка ѝ на турнеја.

„Беше неверојатно. Мислам дека првпат ја видов како се бори – ништо не ѝ беше дадено, за сè си избори сама“.

Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

На крајот, Џеј Зи се осврна и на односите со луѓето и значењето на оданоста.

„Постојат луѓе кои се тука само во одреден период. Некои се пријатели за цел живот, а некои за одредени моменти. Треба да знаеш кога да се повлечеш“, рече тој.

„Идеите за верност понекогаш ве задржуваат на места каде што не припаѓате. Вистинската верност е доживотна“, додаде раперот.

Џеј Зи ослободен од обвинението за силување на 13-годишно девојче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот