Џафери зачести во тетовско, го посети студентскиот дом на државниот универзитет за кој рече дека е најмодерен

Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Техничкиот премиер Талат Џафери продолжува со посетите во тетовско каде промовира почеток на градежни активности на проекти, но посетува и веќе изградени капитални проекти како студентскиот дом при Државниот универзитет во Тетово, за кој рече дека е еден од најмодерните во државата. Според Џафери, Тетово со овој објект веќе има комплетен универзитетски кампус, а како влада постојано и во сите региони се грижеле за студентите.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

– Подобрување на квалитетот на животот на студентите во земјава останува приоритет, а за тоа се обезбедени 25 милиони евра за реконструкција на сите 9 државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. На крајот на минатата година беше потпишан договор за реновирање и реконструкција на сите студентски домови во државата. Влогот во квалитетно образование е најдобра инвестиција. Младите со својот придонес се основен капитал за раст и развој на нашата држава. Нема да дозволиме тој наш капитал да се одлева надвор, рече Џафери.

Џафери беше придружуван од Министерот за образование Јетон Шаќири кој истакна дека мора да се работи на подобар стандард на сите студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот