9 C
Скопје

Две приватни клиники се вклучуваат во борбата со ковид-19 во Атина

Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, поширокиот регион на Атина, две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Атинските приватни болници, како што утрово соопшти министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, целосно ги отстапуваат нивните клиники, во рамките на владиниот план за вонредни потреби.

Од четврток двете клиники, комплетно, со целокупниот персонал и доброволно ќе му бидат на располагање на државниот здравствен систем и ќе примаат пациенти со ковид-19.

-Министерството за здравство направи, прави и ќе продолжи да прави што се што е неопходно за никој наш сограѓанин да не остане без медицинска нега, истакна Кикиљас соопштувајќи го вклучувањето на приватниот сектор во битката со коронавирусот.

Прочитајте и...  АНКЕТА: Новинарите ја примија вакцината против ковид-19, повикуваат и другите да го сторат истото

Капацитетите на одделите за интензивна нега во атинските државни болници се над 90 отсто исполнети.

Поврзани вести

Постојат индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус: Многу млади се на респиратори

Слободен печат

ВИДЕО | Разговор со Ивана Драгшиќ за книга која дава предлози за подобра иднина и за култура на солидарност

Александра Бубевска

ВИДЕО | Најголем дел од апликантите на повикот на ФИТР се компании кои првпат конкурираат, разговор со Тања Илијевска

Слободен печат

Прва жена шеф на најстарата светска агенција: Галони нова главна и одговорна уредничка на Ројтерс

Слободен печат

Славчо најавува облачно време со дожд и грмежи

Слободен печат

„Слободен печат“ неколку дена по ред е цел на континуирани и добро организирани напади

Слободен печат

Остави Коментар