Дунавка Трифуновска се огласи по веста за разделбата со Ване Цветанов: Минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста

Instagram
фото: принтскрин инстаграм+фејсбук

Откако вчера Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција во објава на својот фејсбук-профил соопшти дека „убавата љубовна приказна“ со познатата манекенка Дунавка Трифуновска завршила, денес се огласи и Дунавка.

Објавата на нејзиниот фејсбук-прифил ви ја пренесуваме во целост:

„Иако „Фејсбук“ за мене не е медиум како и злоупотребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистички е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година. Истата сум и јас.

Мојата одлука дека минатото не треба да „пушта ларви“ во сегашноста, а ни малку да биде „едно“ со иднината, кога ќе биде испочитуван, тогаш може да гледаме други епизоди. До тогаш, господинот треба да се посвети на своите обврски, своите функции и своите деца.

Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата „како мама каже…“ е личен избор. Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ги постави своите државнички интерес пред личните.

Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година. Тоа е мојот став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен!

Јас тајни немам. Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците, за да го имаш сонцето“, напиша Дунавка.

„Крај на убавата љубовна приказна“: Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска се разделуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот