„Крај на убавата љубовна приказна“: Ване Цветанов и Дунавка Трифуновска се разделуваат

Instagram
printskrin instagram

Познатата манекенка Дунавка Трифуновска минатото лето објави фотографија со која потврди дека е во љубовна врска со Ване Цветанов, поранешниот директор на финансова полиција.

Но, се чини пандемијата не успеала да ги сплоти, па овојпат Ване со објава на својот фејбсук-профил реши да сподели со своите пријатели дека убавата љубовна приказна завршила.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„Почитувани пријатели, како што навремено јавно Ве информирав за почетокот на убавата љубовна приказна, така сега јавно Ве информирам за крајот на убавата љубовна приказна.

Дунавка е прекрасна личност, искрено ѝ ја посакувам сета среќа на светот. Ја заслужува. Ние двајцата дојдовме од два различни света. Мојот живот е доста оптоварен со обврски и не е лесно да се живее со мене. Навреме увидовме дека е невозможно да се спојат тие два различни света.

Затоа одлучивме да ја затвориме романтичната приказна со коректен крај. За да остане запаметена како убава приказна која што се случила некогаш… Јас летово се посветувам целосно на кариерата, на институцијата која што ми е доверена, а дружбите ќе ми бидат претежно со моите деца.

Здравје од Бога, во септември се гледаме со огромни институционални успеси!“, напиша Цветанов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот