Државата веќе издала две еврообврзници за една милијарда евра

Една милијарда евра ќе се задолжи државата преку две еврообврзници со кои излегува на меѓународниот пазар на капитал. И двете се во износ од по 500 милиони евра.

Информацијата до која дојде Пари вели дека книгите за упис на потенцијалните инвеститори се отворени и веќе има интерес кој е повеќе од двојно поголем – оди над 2,5 милијарди евра.

Четиригодишната обврзница доспева на 21 јануари 2030 година и носи камата од 4,6 проценти. Осумгодишната еврообврзница чијшто рок на доспевање е на 21 јануари 2034 година, на инвеститорите ќе им обезбеди принос од 5,8 насто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот