Дрим тим на Вардар, Раул доби предност пред Парондо (ФОТО)

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Пандемијата на коронавирусот го запре спортот и ги стави спортистисти во карантин, а дел од нив си најдоа интересна занимација.

Данскиот ракометар Расмус Бојсен, за време на карантинот одлучи да ја држи ракометната јавност будна со своите избори на најдобри екипи, а сега на ред дојде и двојниот европски шампион и макеоднски првак, Вардар.

Вардарци се актуелни европски шампиони, а првата титула ја освоија пред три години, но Бојсен одлучи да направи дрим тим на Вардар од ракометари кои го носеле дресот од 2000. година па досега.

Најдобар голман е Арпад Штербик кој учествуваше во походот на првата европска титула, а пивот очекувано е капитенот Стојанче Стоилов.

Изборот за најдобри крила падна на Русите, најдобро лево крило е Тимур Дибиров, додека на десната крилна позиција предност доби Данил Шишкарев пред Иван Чупиќ, актерот на побеничкиот гол во финалето од 2017 година.

Бековската тројка ја сочинуваат хрватските репрезентативци Игор Карачиќ и Лука Циндриќ, и летонскиот џин, Даинис Криштопанс.
Најдобар дефанзивец во дрим тимот на Вардар е Илија Абутовиќ.

Предводник на „црвено-црниот“ дрим тим е Раул Гонзалес кој седеше на клупата пред три години кој доби предност пред Роберто Гарсија Парондо кој ја донесе втората европска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот