А денеска со ждрепка во Нион беа извлечени и паровите во второто квалификациско коло каде што Силекс би можел да налета на релативно „полесен“ противник во елитното натпреварување.
Доколку македонскиот претставник успее да направи изненадување против фаворитот од Азербејџан, во второто квалификациско коло од ЛШ ќе ги одмери силите против победникот од дуелот Шериф Тираспол (Молдавија) и Фола Еш (Луксембург).
Силекс би бил домаќин на тој меч (25/26 август), а поради ситуацијата со Ковид-19 можно е да се игра на неутрален терен.