ЛШ: Силекс ќе ги одмери силите против Карабах

фото: принтскрин/уефа

Денеска македонскиот фудбалски претставник Силекс со ждрепка во Нион го доби противникот во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, тоа е тимот на Карабах од Азербејџан.

Клубот од Кратово ќе игра на гостински терен во Азербејџан, а поради ситуацијата со Ковид-19 можно е УЕФА да донесе одлука мечот да се игра на неутрален терен.

фото: принтскрин/уефа

Поради пандемијата на коронавирус ќе се игра само по еден натпревар, дуелите од 1. квалификациско коло на ЛШ ќе се играат на 18 и 19 август. Доколку после регуларните 90 минути нема победник, истиот ќе се дознае преку продолженијата или пеналите.

Победниците од првото квалификациско коло на ЛШ ќе се најдат во второто квалификациско коло, додека поразените во второто квалификациско коло на Лига Европа.

Од нашите интернационалци, босанскиот Сараево на Крсте Велкоски ќе игра со Конах`с Квеј од Велс, додека албанската Тирана на Кристијан Тошевски се соочува со Динамо Тбилиси (Грузија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот