ДОДЕКА ЈА ЧЕКААТ ОДЛУКАТА ЗА ВРАЌАЊЕ: Обвинителите на СЈО на „Рузвелтова“ ги чуваат предметите

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Советот на јавните обвинители во текот на денот ќе ги испрати одлуките за враќање на обвинителите на Специјалното обвинителство во матичните обвинителства. Претседателот на Советот, Ацо Колевски, за „Слободен печат“ кусо вели:

– Ќе ги поднесеме во најскоро време во „Службен весник“. Ги изработуваме, ги проверуваме и ќе ги испратиме.

Паралелно, обвинителите на СЈО на „Рузвелтова“ се обврзани од републичкиот обвинител Љубомир Јовески да ги чуваат предметите на обвинителството со кое раководеше Катица Јанева. Наредниот период ќе одат на работа во зградата на веќе згаснатото СЈО, сè додека не ги добијат решенијата и бидат вратени во матичните обвинителства.

Сепак, Јовески треба да пресече за предметите, кое обвинителство е надлежно и кои обвинители ќе продолжат да ги застапуваат предметите. Тој поединечно ги разгледува обемните предмети на СЈО, за да реши кој предмет во кое обвинителство да го распредели и кој обвинител понатаму да го застапува пред суд.

Не е исклучена и опцијата и досегашните обвинители на СЈО да ги застапуваат предметите за кои одлучува Јовески. Со оваа варијанта, обвинителите на СЈО и ќе ги работат досегашните предмети, но и нови кои ќе им бидат делегирани од матичните шефови на обвинителствата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот