Дизни најави продолжение на „Кралот Лав“

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Компанијата Дизни соопшти дека ќе сними продолжение на филмот „Кралот Лав“ во 3Д техника, а режијата ќе му биде доверена на Бери Џенкис кој го сними остварувањето „Месечина“.

„Кралот Лав“ кој имаше огромен успех во кино салите излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари.

Во овој долгометражен цртан филм, гласовите ги позајмија многу ѕвезди, меѓу кои и пејачката Бијонсе.

Од Дизни не наведоа други детали, додека Џенкис изјави дека негов сон е да работи со оваа компанија.

Филмот на Џенкис „Месечина“ во 2017 година освои Оскар за најдобар филм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот