Директорите на тетовската болница добија три години затвор за пожарот – Апелација им ги удвои казните
Апелацискиот суд во Гостивар им ги промени пресудите за катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година на двајцата тогашни директори на Клиничката болница во Тетово.
Препорачано
Двајцата поранешни директори, Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина, за „тешки дела против општата сигурност“.
Судиите од повисокиот суд ги одбија жалбите на обвинетите и ги прифатија барањата на Обвинителството за построги казни. Дополнително, на правното лице Клиничка болница Тетово му е изречена зголемена парична казна од 1.300.000 денари (околу 21.000 евра).
Во пожарот во модуларната болница загинаа 14 луѓе, пациенти кои се лекуваа од ковид. Истрагата потоа покажа дека пожарот избувнал од неисправен продолжен кабел на кој биле поврзани медицински апарати. Бесими и Етеми се единствените осудени за трагедијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
48мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


