Димковски: Од среда почнува исплатата на средства за зелена нафта

Во однос на изградбата на браната Речани на Оризарска Река, министерот Димковски информираше дека во почетокот на јули ќе почне ископот на т.н. опточен тунел, со што практично ќе стартуваат градежните работи на терен.

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска остварија средба со претставниците на здружението „Бело злато” и со земјоделци од кочанскиот регион.

Пред присутните соопштија дека од почетокот на идниот месец почнува исплатата на средствата наменети за зелена нафта за земјоделците кои минатата година добиле платежни картички, а оние кои годинава за првпат ќе бидат опфатени во програмата, ќе треба решенијата и картичките да ги подигнат во подрачните единици на ресорното министерство.

Со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, се разговарало за актуелни прашања од реализацијата на програмите на ресорното министерство, како и за подготовките за пријавувањето на земјоделците за добивање субвенции, со оглед на актуелната состојба со епидемијата од КОВИД-19 и почитувањето на посебните протоколи.

Градоначалникот на Кочани, Илијев го пренесе предлогот на земјоделците од регионот за изградба на каскадно решение на реката Брегалница.

Во однос на изградбата на браната Речани на Оризарска Река, министерот Димковски информираше дека во почетокот на јули ќе почне ископот на т.н. опточен тунел, со што практично ќе стартуваат градежните работи на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот