Дибиров: Секој меч е непредвидлив, верувам дека ќе трае ривалството со Е. Пелистер

Тимур Дибиров, левото руско крило на Вардар 1961/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 се закити со 15 куп титула, откако во Кавадарци на завршниот турнир од Купот на Македонија во финалето го совлада Е. Пелистер.

Сега скопските „црвено-црни“ имаат можност да се закитат со двојна круна оваа сезона, доколку го задржат бодот предност пред битолчани на две кола до крајот во Суперлигата.

Руското лево крило Тимур Дибиров кој во изминатиот период потпиша нов договор со Вардар, им честиташе на тимските колеги, но и на ривалите за прикажаното на овој турнир.

– Секој натпревар е посебна приказна, знаевме дека ќе биде многу тешко. Веќе има ривалство меѓу овие две екипи, верувам дека истото ќе трае. Како и секој меч, и ова финале беше непредвидливо. Му честитам на Е. Пелистер, навистина беше многу добар противник, а кога ќе победиш таков ривал, дефинитивно на крајот среќата беше на наша страна.

Горд сум на соиграчите, на стручниот штаб, успеавме да се извлечеме од една тешка позиција во клубот сезонава, но на крајот важно е што победивме – рече Дибиров по завршувањето на мечот во спортската сала „Јасмин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот