Официјално: Дибиров останува во Вардар до јуни 2023 година

тимур дибиров
Русинот Тимур Дибиров, верен на Вардар 1961/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.

Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10 сезона во Скопје.

Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.

– Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега – изјави Дибиров.

Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.

Сега Вардар е на чекор до освојување на 15 титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот