Вардар пред двојна круна, Талески им го донесе куп трофејот на „црвено-црните“

талески
Филип Талески („РК Вардар 1961/фото: Денис Дуковски/РК Вардар1961

Вардар 1961 вечерва во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци го освои 15 трофеј во Купот на Македонија, откако во финалето во една драматична завршница го совлада Е. Пелистер со 23:22.

Играчите предводени од тренерот Давид Дејвис се пред освојување на двојната круна, во првенството имаат еден бод повеќе од битолчани на две кола до крајот na sezonata

На денешниот дуел во првите 10 минути се играше гол за гол за двете страни. Вардар потоа направи серија од 4:0 по што имаше „плус четири“ на семафорот (8:4).

Во понатамошниот период се случи голем пад во играта на скопскиот тим, а тоа го искористи составот на Жељко Бабиќ со голема серија од 8:0 и на пауза да замине со предност од 12:8.

На почетокот од вториот дел Вардарци ја прекинаа гол серијата на битолската екипа. Одбраните на Томовски го одржуваа резултатски Вардар, а со голот на О. Њокас намали на 16:13 во 40 минута.

Константно Е. Пелистер одржуваше предност од четири-пет голови разлика и беше поблиску до освојување на куп титулата. Следуваше серија од 3:0 на Вардар за намалување на 20:18. Дибиров имаше шанса да намали на „минус еден“, тоа не се случи, одбрани Секељи, па стигна казната од Обрадовиќ за 21:18.

И натаму не се предаваше Вардар, успеа сепак да стигне на „минус еден“ за 21:20 на шест минути до крајот на средбата. Следуваше израмнување за кое се погрижи руското крило Дибиров. Томовски во клучен момент успеа да запре удар на битолчани. По тајмаутот на Дејвис, последниот напад го имаше Вардар во кој победничкиот гол го постигна Талески за голема радост кај неговите соиграчи и навивачите на клубот.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Талески со шест гола, а на спротивната страна по пет имаа Граџан и Периќ.

Талески беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот Куп турнир во Кавадарци. Воедно ја доби и наградата за најдобар стрелец со 15 голови на турнирот. А Томовски го доби признанието за најдобар голман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот