ЏИХАДИСТИТЕ ГИ НАПАДНАА АМЕРИКАНЦИТЕ: Престрелки и експлозии во воена база на САД во Сомалија

Фото: Профимедиа/Илустрација

Џихиадисти ја нападнаа воената база каде американски војници обучуваат командоси во Сомалија. Локалното население сведочи за силни експлозии и звуци од огнено оружје во близина на аеродромот Баледогл, објави Би-Би-Си.

Милитантната група ал-Шабаб изјави дека го спровела нападот, користејќи автомобил бомба за да ја пробие влезната капија пред да ги испрати борците во базата.

Официјални лица на армијата велат дека џихадистите биле одвратени без да го пробијат периметарот кои го поставиле одбранбените сили. Засега, нема пријавено жртви кај сомалиската армија.

Преку соопштение, американскиот амбасадор Доналд Јамамото изрази благодарност до сомалиската армија за нивната „подготвеност и брза реакција“.

– Овој напад уште еднаш докажува дека ал-Шабаб насилно се спротиставува на напредокот кон мирот и напредокот во Сомалија – рече тој.

Јамамото кажа и дека САД остануваат посветени на изградба на просперитетна и посилна Сомалија која нуди посветлна иднина за нивните луѓе.

Од терористичката ал-Шабаб преземаа одговорност за нападот.

– Откако го пробивме периметарот на жестоко утврдената база, муџахедините (светите војници) го нападнаа воениот комплекс, влегувајќи во интензивни воени престрелки – рекоа тие.

Во базата која се наоѓа на 100-тина километри западно од главниот град Могадишу, кажано е дека престојуваат американски специјални сили, сомалиски специјални сили и мировни сили од Уганда. Се користи како хелиодром за лансирање на американски дронови, но и како тренинг центар.

Во друг случај, како што известува Би-Би-Си, италијански воен конвој е погоден од експлозија во Могадишу, објави министерството за одбрана на Италија. Се уште нема пријавено жртви во овој напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот