Фото: Ekaterina Chesnokova / Sputnik / Profimedia

Детали за смртта на ќерката на Томи Ли Џонс: Гостин ја нашол на подот, вработените се обиделе да ја реанимираат

Ќерката на холивудската ѕвезда Томи Ли Џонс, Викторија Џонс, била најдена мртва од гостин на луксузен хотел во Сан Франциско, рано во Новата година. Викторија Џонс (34) лежела на подот на 14. кат од хотелот „Фермонт’“ во Сан Франциско, кога гостин кој мислел дека можеби е пијана, го известил персоналот на хотелот, изјавил извор за „Дејли мејл“.

Персоналот веднаш сфатил дека Викторија не реагира и започнал со реанимација, повикувајќи итна помош. Пожарната служба на Сан Франциско соопштила дека реагирала на повикот во 2:52 наутро, кога екипи на итна помош се обиделе да ја оживеат Викторија, но таа била прогласена за мртва на местото на настанот.

Изворот изјавил дека на телото немало знаци на траума, а полицијата не пронашла никакви наркотици на местото на настанот. Исто така, немало знаци дека Викторија можела сама да си наштети.

Сè уште не е јасно дали Викторија била гостинка на хотелот и како се нашла на 14. кат, пренесува „Дејли мејл“.

Портпаролот на полицијата на Сан Франциско повика сите кои имаат информации за нејзината предвремена смрт да се обратат до одделот.

Викторија како девојче почнала да глуми и се појавила со својот татко во филмот „Men in Black II“ од 2002 година.

Освен оваа улога, во 2003 година се појавила во епизода од серијата „One Tree Hill“, а во 2005 година глумила во серијата „The Three Burials of Melquiades Estrada“, режирана од нејзиниот татко. Потоа се повлекла од светот на глумата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот