Десет дена ќе можете бесплатно да гледате филмови на Јутјуб (ВИДЕО)

„We Are One“ е глобален филмски фестивал кој заеднички го организираат филмските фестивали и Јутјуб, а сите собрани средства се наменети за борбата против пандемијата на коронавирусот.

Дваесет филмски фестивали, вклучувајќи ги Кан, Венеција, Берлин и Торонто, ќе учествуваат во виртуелна манифестација што ќе овозможи бесплатно гледање на филмови на Јутјуб.

„Сите сме едно: Глобален филмски фестивал“ (YouTube.com/WeAreOne), ќе се одржи од 29 мај до 7 јуни, а ќе може да се гледаат играни филмови, кратки филмови, документарци и музички, како и ќе се следат и тркалезни маси.

„Честопати зборуваме за улогата што филмовите можат да ја играат во инспирирање и приближување на луѓето преку границите како би се смирил светот“, коментира директорката Џејн Розентал, додавајќи дека „на целиот свет во овој момент му е потребно смирување“.

„На љубителите на филмот во текот на десет-дневниот фестивал сакаме да им овозможиме пристап до филмовите кои внимателно ги избраа селекторите на фестивалот кои работат на оваа иницијатива. Нешто слично никогаш претходно не е организирано и горди сме што добивме прилика да им понудиме ваква фантастична понуда на гледачите ширум целиот свет“, изјави Роберт Кинчл, главниот директор на Јутјуб.

Точната програма сè уште не е објавена, а организаторите велат дека понудената содржина ќе биде мешавина од нови и стари филмови.

Дел од приходите од фестивалот ќе бидат донирани на Светската здравствена организација и добротворни цели, најавија организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот