Десерт за оваа сабота: Засладете се со панакота со боровинки

Фото: Профимедиа

Оваа сабота не бидете мрзеливи и подгответе си превкусен десерт – панакота со боровинки, во чиј вкус ќе уживаат сите во семејството…

СОСТОЈКИ:

ЗА ЖЕЛЕТО ОД БОРОВИНКИ

– 300 г боровинки

– 100 г шеќер во прав

– 10 г желатин

– 100 мл вода

ЗА ПАНАКОТА:

– 500 мл млеко

– 500 мл слатка павлака

– 10 г желатин

– 100 г шеќер

– екстракт од ванила

ПОДГОТОВКА:

Желатинот измешајте го со две лажици вода и нека стои. Во сад ставете ги боровинките, шеќерот во прав и водата. Варете со постојано мешање додека боровинките пуштат сок. Нека зоврие, па варете уште 2- 3 минути. Смесата изладете ја со мешање и гмечење, да излезе што повеќе сок од плодовите. Нека се излади малку, па додајте го желатинот и измешајте. Ставете ја во чаши, па во фрижидер да се стегне. За тоа време другиот желатин полејте го со 2 лажици вода и нека стои до употреба. Во тенџере измешајте го млекото со слатката павлака, шеќерот и екстрактот од ванила. Варете додека зоврие, па потоа уште 1-2 минути. Тргнете го садот од оган и префрлете го во сад. Мешајте да се излади, па додајте го желатинот. Измешајте и оваа смеса распоредете ја над филот со боровинки. Нека се стегне во фрижидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот