Деловен стајлинг за чиста десетка: Вака се носи црвено од глава до пети! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Уште една одлична модна лекција од кралицата Летиција…

Шпанската кралица Летиција вчера учествуваше на традиционалниот годишен состанок на управниот одбор на Студентска резиденција во Мадрид.

Летиција на состанокот пристигна во многу ефектен деловен стајлинг кој најмногу се истакна пред се поради бојата. Таа носеше црвени панталони од шпанскиот дизајнер Роберт Торете од неговата постара колекција за есен/зима 2018 година.

Фото: Профимедиа

Кралицата носеше и црвена класична блуза на закопчување и црвено палто кое одлично и прилегаше на нејзината линија.

Стајлингот го искомбинира со црвени салонки од брендот Lodi и торбичка од Каролина Херера.

Фото: Профимедиа

Особено беа интересни панталоните кои на секоја страна на дното од ногавицата имаа мини шлиц.

Фото: Профимедиа

Комплетниот стајлинг на кралицата Летиција модните критичари го оценија со чиста десетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот