Дел Потро во солзи најави крај на професионалната тениска кариера

Хуан Мартин дел Потро после две и пол години ќе се врати на терените/Буенос Аирес, Аргентина/5 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Хуан Мартин дел Потро после две и пол години отсуство поради повреда, ќе се врати на терените во Буенос Аирес каде што најверојатно ќе го има својот последен турнир.

Тој пред аргентинските медиуми крај на неговата професионална тениска кариера.

– Ова е една од најтешките пораки што ќе ги пренесам. Знам дека луѓето очекуваат да се вратам на тенисот. Но, ова можеби е повеќе крај отколку враќање. Моето колено станува ноќна мора. Неколку години се обидувам, низ различни третмани, со различни лекари, да ги поправам нештата. Но, сè уште не најдов решение. Никогаш не размислував да се повлечам од светот на тенисот без шанса да се збогувам и не можам да замислам подобар турнир од Буенос Аирес да го направам тоа.

Во следните неколку недели ќе видиме што ќе се случи со мојата иднина, но јасно е дека сакам да живеам нормално како 33-годишен човек, без болка. Ова е тешка одлука, но сакав да биде јасно – рече Дел Потро на конференцијата.

Најголемиот успех на Дел Потро во кариерата е освојувањето на „УС Опен“ во 2009 година. Играше и во полуфинале на грен слем турнирите „Вимблдон“ и „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот