Децата од Дневниот центар за деца од улица, Шилегов ги прошета низ Водно

Корисниците од Дневниот центар за деца од улица од Шуто Оризари денеска заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го посетија планинарскиот дом на Водно.

Градоначалникот Шилегов во пресрет на новогодишните празници им подели пакетчиња и им посака среќа и здравје во новата 2020 година.

За децата беше организиран и едукативен дел – членовите на планинарскиот клуб ПСК „Бистра” зборуваа за планинарењето и за неговото значење за здравјето, а спасителите од Спасителната станица на Црвениот крст на Водно се осврнаа на безбедноста при движење на планина, за заштитата од повреди и за укажувањето прва помош во случај на незгоди при планинарење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот