Давор Панчевски со рецепти во кои ќе уживате ова лето: Свежа салата со домати и тиквичка

Фото: Приватна архива

Топлите денови се пред нас, а тоа значи дека започнува и сезоната на тиквичката. За денешниот ручек се одлучив да ја подготвам на супер вкусен и едноставен начин. Рецептов е толку добар што ќе ви стане омилен оваа летна сезона, па воопшто не се двоумете и испробајте.

Потребни состојки:

4 тиквички
Сол по вкус
3-4 лажици маслиново масло ( може и сончогледово)
3-4 лажици вински оцет
2-3 лажици масло за јадење
3 чeшниња лук, ситно исечкани
1/2 китка магдонос, ситно исечкан
150 г овчо сирење, издробено
100 г шери домати

За таратурот:

1 свежа краставица
250 г грчки јогурт
2 чешниња лук
1 лажичка зачин за таратур
1 лажичка сув копар
Сол и мелен црн пипер по вкус
Сок од 1/4 лимон
1/2 лажичка суво нане

За тиквичките:

Најпрво исечкајте ги тиквичките на кругчиња. Посолете и оставете да ја испуштата водата околу 10-15 минути.

На загреано масло во тава пржете ги по 3 минути од секоја страна.

На крај за да сервирате, во чинија ставете ред од тиквичките, малку лук, наросете дробено сирење, свежо исечкан магдонос, шери домати и постапката повторете ја додека не ги потрошите состојките. На крај полејте со вински оцет и малку маслиново масло.

За таратурот:

Исечкајте ја краставицата на коцки и промешајте ја со сите состојки заедно.
Сервирајте со малку маслиново масло, маслинки и парче лимон.

Забавно готвење, ви порачува Давор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот