Данов пред настапот на ЕП: Се влегува во форма, тренирам во Балканец!

Бобан Данов се очекува да ја претставува Македонија на уште едно големо натпреварување, Европското првенство во самбо.

Овој настап ќе се организира во периодот од 13 до 16 мај 2021 година во Лимасол (Кипар), иако првичниот план беше истиот да се одржи во Италија.

Од сите учесници на овој настап ќе се побара негативен тест на ковид-19 не постар од 72 часа. Сите натпреварувачи ќе бидат во т.н. санитарен балон со цел да се заштитат од контакт со надворешниот свет и максимално се заштитат од можност за инфекција со ковид-19.

Своите очекувања во пресрет на ЕП во Кипар ги сподели Данов:

– Да, има најава, требаше да биде во Италија и сега е преместено во Кипар. Полека се влегува во форма, тренирам во Балканец, воедно сум и тренер. Претходно настапив на изборниот шампионат и станав прв на 125 кг во борење – ни изјави Данов.

Неодамна Балканец од Штип се промовираше во моментно најдобар боречки клуб во Македонија. На изборното првенство токму на домашен терен освои екипни први места кај младинците и пионерите. А претходно и во Скопје на Изборното првенство дојде до екипни први места во сениорска и кадетска конкуренција.

Веб порталот на „Слободен печат“ во ноември минатата година направи интервју токму со Бобан Данов минатата година за развојот на македонското самбо, и најголемите досегашни успеси во овој спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот