ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Со плачење можете да ги решите ОВИЕ ПЕТ проблеми!

Стрес

Студија од 2014 година открила дека плачењето може да им помогне на луѓето да се опуштат во стресните периоди. Резултатите од плачењето не се моментални и би можело да треба да поминат неколку минути пред телото да почне вистински да се опушта. Според истражувањата, плачот го активира парасимпатичкиот нервен состав (ПНС), кој кога ќе се активира, делува смирувачки на мозокот.

Крвен притисок

Високиот крвен притисок може да доведе и до неколку сериозни здравствени проблеми како мозочен удар, срцев удар, деменција, па дури и откажување на бубрезите. Но добра вест е дека, според неколку студии, плачењето го намалува притисокот, го смирува пулсот и го држи под контрола.

Акумулација на токсини

Солзите кои течат од очите додека плачете можат да ве исчистат од нечистотијата, како димот и прашината. Исто така, кога плачете, вашите солзи ги мијат токсините кои поради стресот се наталожени во телото. Не е чудо што можете да почувствувате како тежината заминува по доброто исплакување.

Промени на расположението

Доколку се прашувате зошто вашето однесување се претворило во агресивно и постојано се чувствате анксиозно и раздразливо во последно време, тогаш би требало да знаете дека за тоа дефинитивен одговор не постои. Промените на расположението можат да се случат поради различни причини. Една од таквите причини е и наталожувањето на манган во телото. Но кога ќе се исплачете, неговата концентрација во телото се намалува и како резултат, ве прави посмирени и посреќни и посталожени.

Болка

Кога сте во физичка болка, неколку капки солзи често знаат и да капнат сами. На тој начин телото го намалува чувството за болка. Истражувањето открило дека, освен што плачењето е вид на тешење на самите себе, емоционалните солзи ослободуваат и окситоцин, попознат како хормон на љубовта и ендорфин, хормонот за среќа. Наведените хормони ги прават луѓето посреќни, а можат да ја олеснат и физичката и емоционалната болка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот