Дали ова е подарокот кој Вилијам ѝ го подарил на Кејт за годишнина од бракот? Вреди вистинско богатство!

Кејт досега никојпат не го носела ова парче накит…

Војводата и војвотката од Кембриџ пред неколку дена ја одбележаа 10-годишнината од венчавката објавувајќи видео снимка со своите деца и фотографии на кои парот е во среќна прегратка.


Тогаш многумна на фотографиите, на кои Кејт позира со сопругот, воочија луксузен ѓердан од бело злато со дијамантски привезок.

Фото: Инстаграм

Бидејќи тој украс досега не е забележан кај војвоткта Кејт, веднаш започнаа шпекулациите дека тоа ѓердан Кејт го добила од принцот Вилијам за годишнина од бракот.

Фото: Инстаграм

Како што пишуваат медиумите, цветниот дизајн го потпишува брендот „Asprey“, a само ѓерданот може да се набави за цена од околу 12.200 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот