Црн биланс на жртви во Шпанија од корона, земјата има и речиси 20 илјади заразени

Сите хотели мора да ги заклучат вратите откако ќе заминат и последните клиенти кои се таму, а најдоцна во рок од една недела.

Владата на Шпанија денеска донесе одлука за затворање на сите хотели и хостели во земјата, во обид да го запре ширењето на коронавирусот, од кој досега во таа земја починаа 1002 граѓани, а 19.980 се заразени.

Сите хотели мора да ги заклучат вратите откако ќе заминат и последните клиенти кои се таму, а  најдоцна во рок од една недела.

„Собирањето луѓе во туристички сместувачки места, каде користат заеднички простории, го зголемува ризикот од зараза, па затоа е неопходно да се спречат луѓето да се движат таму. За да се спречи ширењето на вирусот, ние за јавност ги затвораме ваквите објекти”, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Во Шпанија, околу 10 проценти од хотелите останаа отворени, откако минатата недела беше донесена забрана за движење за 47 милиони жители и туристи, освен кога одат на работа, по намирници, аптеки, болници, банки, киосци, бензински пумпи или да го прошетаат кучето.

Затворањето на хотелите ќе биде нов удар за економијата, зависна од туризмот. Плажите се затворени од неделата, при што полицијата ги предупредува туристите да се вратат во хотелите преку разглас на англиски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот