ЦЕПИ и дидели 66 милиони евра на кинеска фармацевтска компанија за развој на вакцина за Ковид-19

Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина на Кковид-19, вклучувајќи ги и „Иновио Фармасјутикалс“, „Модерна Инк“ и „Новавакс Инк“.

Кинеската компанија „Кловер Биофармацјутикалс Инк“ доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го охрабри откривањето на вакцина за Ковид-19.

Во април, ЦЕПИ и даде на таа кинеска компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.

ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на новите епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Велком траст.

ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина на Кковид-19, вклучувајќи ги и „Иновио Фармасјутикалс“, „Модерна Инк“ и „Новавакс Инк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот