Целата индиска делегација на самитот на Г7 е во самоизолација

Самит Г-7

Двајца делегати беа позитивни, па целата делегација сега ќе замине во самоизолација, рече британски официјален претставник.

Целата индиска делегација на самитот на Групата седум најразвиени земји (Г7) во Лондон е во самоизолација, бидејќи двајца членови на делегацијата се позитивни на Ковид-19, соопшти денеска британската Влада.

– Двајца делегати беа позитивни, па целата делегација сега ќе замине во самоизолација, рече британски официјален претставник.

Тој додаде дека на самитот се предвидува строг сет на протоколи поврзани со Ковид-19, вклучително и дневно тестирање на сите делегати.

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Џаишанкар не беше позитивен на вирусот, објави на Твитер репортер на Скај Њуз, Џо Пајк.

Џаишанкар изјави дека тој виртуелно ќе се приклучи на тековниот самит Г7.

Индија не е членка на Г7, но Велика Британија ја покани на самитот, заедно со Австралија, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот