Чупеска: Има реални причини да стравуваме дека демократијата може да биде загрозена
Коментирајќи ги резултатите од изборите и идните очекувања, професорката Ана Чупеска во интервју за Слободен печат оцени дека оправдани се стравувањата за можни идни загрозувања на демократските вредности.
Препорачано
„Ние имаме реални причини да мислиме дека демократијата може да биде загрозена и тоа се повеќе причини. Прво и најважно, тоа е искуството што го имаме со авторитарниот популизам што Груевски успеа да го наметне и трауматското искуство на елементарните прекршувања на човековите права, како на пример масовното прислушување. Втора причина е најавената близина со Орбан кој е светски пример за тоа како изгледа авторитаризам. И на таа оска, значи Орбан па потоа Вучиќ и на крај Македонија, се плашам дека измеќарството што го зборуваат одредени политички субјекти сега ќе дојде на линија кон Србија и Косово, така што нашите политичари делуваат како да се измеќари едните на Курти а другите на Вучиќ. Тие влијанија и тоа како можат да придонесат за појава на нов авторитерен пресврт или демократско назадување“ порача Чупеска.
Чупеска додаде дека и прогресивните индивидуи и групи сега во Собранието нема свои политички претставници и затоа треба да го искористат и да ја анимираат јавноста за тоа што значат демократските вредности и човековите права и слободи.


