Човекот на чекор до Марс: НАСА може да произведува кислород на планетата

Фото: Профимедиа

Откако роверот на НАСА „Истрајност“ создаде кислород на Марс во април минатата година, беше направен огромен чекор напред кон поблиско населување на оваа планета.

Имено, научниците успешно произвеле кислород преку инструментот „Мокси“ (Moxie), уред со големина на тостер, поставен на роверот, кој ја одвојува атмосферата богата со јаглерод диоксид.

Сите надежи на НАСА за испраќање луѓе на Марс во следните 20 години зависат од способноста да се направи кислород, кој е неопходен за самите астронаути, но и за враќањето на ракетата на Земјата.

Окoлу 25 тони кислород се потребни за лансирање на ракетата назад кон Земјата заедно со астронаутите.

Стигнавме на Марс – и што сега?

„Мокси“ е вклучен седум пати од февруари минатата година и работи по еден час, а секој тест е направен во различни услови, вклучувајќи различни годишни времиња, дење и ноќе.

Во текот на седум циклуси, се направени околу 50 грама, што е слично на продуктивноста на мало дрво. „Мокси“ двапати го анализираше кислородот што го создаде и откри дека е чист, како и дека ја исполнува  целта од шест грама кислород на час.

Откако „Мокси“ ја докажа својата намена, инженерите би сакале да го унапредат за да може да произведе неколку тони кислород, како роботска шума.

Во иднина, инструмент би можел да биде испратен на површината на Марс пред мисија со екипаж за да се создадат доволно залихи со овој витален гас. Исто така, технологијата би работела деноноќно.

Професорот Џефри Хофман, заменик главен истражувач на „Мокси“ во Одделот за аеронаутика и астронаутика на МИТ, ги нарече новите податоци „историски“.

– Ова е прва демонстрација на вистинското користење на ресурсите на површината на друго планетарно тело и нивна хемиска трансформација во нешто што би било корисно за човечка мисија – додал тој.

Како што навел, клучниот предизвик бил да се докаже дека „Мокси“ е способен да произведува кислород дури и при драстично променливи услови.

Дали веќе го контаминиравме Марс?

– Атмосферата на Марс е многу попроменлива од Земјата. Густината на воздухот може да варира за еден, два фактори во текот на една година, а температурата може да варира за 100 степени. Имаме една цел, а тоа е да покажеме дека можеме да функционираме во сите годишни доба.

Единствениот дел од денот кога „Мокси“ не бил активен бил во зори или самрак кога температурите брзо се растеле или паѓале.

– Тимот има „кец во ракавот“ да се справи дури и со овие најпредизвикувачки услови. Кога ќе го тестираме во лабораторија, ќе можеме да ја достигнеме последната пресвртница и да покажеме дека можеме да функционираме во секое време – рекол главниот истражувач на проектот, Мајкл Хехт.

Научниците објаснија: Која билка би можела да нè прехрани на Марс?

НАСА со два нови уреди ќе изврши транспорт на примероци на Марс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот