„Четири дена не станав од кревет… Северина синоќа одржа трогателен говор на концертот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Северина Вучковиќ синоќа одржа концерт во Јахорина, прв откако Врховниот суд на Хрватска одлучи старателството на нејзиниот син Александар да му припадне на неговиот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Таа со тага во очите прочита трогателен говор на самиот почеток на концертот:

„Не станав од кревет четири дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да направам фризура и да ви се поклонам”, започнала Северина и добила аплауз од публиката.

„Пред сè, да им се поклонам на сите мали и немоќни жени кои ми дадоа сила… Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, мене големата и моќната… Да, овие денови воопшто не можам да најдам сила да станам од кревет и да го испратам своето дете на училиште и да се обидам лично да ви се заблагодарам на сите вас кои ми давате неизмерна љубов. Не смеам да бидам нечесна, морам да им се заблагодарам и на сите мажи. Особено на моите колеги од сцената. Моето инбокс на Инстаграм е полн. Многумина од вас ги споделуваат со мене своите искуства, има пораки кои ме расплакаа и ги многу токму од Босна и Херцеговина кои се жртви на насилството на институциите. Знам и за еден случај од Херцеговина, мајка на две девојчиња кои отишле кај татко насилник, кој ги силувал и двете“, прочитала Северина и додала:

„Велат дека мора да молчиме и да бидеме покорни кога се во прашање децата. Јас молчев упорно и покорно, другата страна зборуваше, а јас чекав и верував во хрватскиот правен систем, како што веруваат жените во Босна. Молчев додека за првпат не ми го одземаа детето. Оттогаш зборувам за неправдите на системот, за организираното киднапирање на деца кога се во прашање богати и моќни татковци. И јас нема да застанам, и се надевам дека и вие, сите жени од Босна и Херцеговина нема да запрете.“

„Откако се роди, бевме само ние двајца“: Срцепарателна објава на Северина откако судот ѝ го одзема синот

Судот во целост ѝ го одзема старателството на Северина: Ќе се борам до последната капка крв за моето дете

Северина не е единствената: Овие славни дами го изгубија старателството над своите деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот