Брз антигенски тест за СарсКов-2

Аг-РДТ тестови (Antigen Rapid Diagnostic Test) се најдобри кај пациенти со големи вирусни оптоварувања (Ct вредности ≤25 или > 106 копии од геномски вирус/mL) што обично се појавуваат во пред-симптоматскиот период (1-3 дена пред почеток на симптоми) и рани симптоматски фази на болеста (во првите 5-7 дена од болеста).

Kонцентрацијата на вирусoт е слична кај асимптоматските и симптоматските случаи, затоа брзиот антигенски тест се користи кај асимптоматски лица кои се означени како висок ризик и за скрининг на асимптоматски лица по специфични критериуми. фото-профимедиа

Рационалност за користење на БАТ Аг-БДТ

Користење во пресимптоматската фаза или до пет дена од почетокот на симптомите. Во овој период репликацијата на вирусот е најголема. Тестирање во овој период ги намалува шансите за лажно негативни резултати.

Kонцентрацијата на вирусoт е слична кај асимптоматските и симптоматските случаи, затоа брзиот антигенски тест се користи кај асимптоматски лица кои се означени како висок ризик и за скрининг на асимптоматски лица по специфични критериуми:

– Кога нема можност за РТ-ПЦР или времето на чекање е предолго за носење одлука

– Со цел за брзо спроведување на јавноздравствени мерки во институции при појава на кластер (училишта, работни организации, институции)

Употреба на брз антигенски тест Аг-БДТ: 

– За дијагноза на симптоматски лица: брз антиген тест; ако е ≤ 5 дена од почеток на симптоми.

Толкување: позитивниот тест потврдува СарсКов-2, додека негативен брз антигенски тест, за лице со симптоми или високоризичен контакт – препорака да се направи РТ-ПЦР.

– За дијагноза на асимптоматски лица кои имале контакт од висок ризик

Толкување: позитивниот тест потврдува СарсКов-2; негативен брз антигенски тест, за лице со високоризичен контакт – препорака да се направи РТ-ПЦР.

По земање на брис лицето го напушта пунктот за тестирање и оди во домашна изолација.

Брзиот тест за антигени се изработува во „Биотек лабораторија“ по цена од 1.000 ден.

Информации и закажување на телефоните: (0)2 5300 898, 078/394-829, (0)2 5300 766

(комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот