Брус Вилис повторно како Џон Меклејн, но во малку поинаква акција (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Американскиот актер Брус Вилис повторно се најде во улогата на Џон Меклејн од популарната франшиза „Умри машки“, која ја одбележа неговата кариера.

Овој пат не се работи за ново продолжение, туку за реклама за авто акумулатори од брендот кој го носи истиот назив како и филмот.

Во двеминутната реклама Вилис се враќа во улогата на Меклејн и тргнува во опасна мисија со цел да набави нов акумулатор за својот расипан автомобил.

Рекламата содржи и неколку оригинални сцени од филмот, вклучувајќи го и појавувањето на возачот на лимузината на Меклејн, Аргајл.

Првиот дел од франжизата „Умри машки“ излезе во 1988 година, а снимени се вкупно пет делови.
Најавено е и снимање на шестиот дел кој ќе биде наречен „Џон Меклејн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот