Бруклин Бекам ја прекри тетоважата посветена на татко му Дејвид
Бруклин Бекам ја прекри тетоважата што претходно му ја посветил на својот татко, Дејвид Бекам, што дополнително ги подгреа веќе затегнатите односи во семејството Бекам, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Имено, Бруклин на десната рака имал тетоважа со сидро и натпис „DAD“ (тато), испишан со големи букви во центарот. Но, според најновите фотографии објавени од британскиот таблоид „Сан“ The Sun, оваа тетоважа сега е прекриена со нови мотиви – ѕвезда што наликува на морска ѕвезда и два елеци за спасување. Фотографиите се направени во Лос Анџелес, каде што Бруклин бил забележан во прошетка со сопругата Никола Пелц.
Brooklyn Beckham covers tattoo dedicated to dad David in latest blow to family https://t.co/86ZCQIgJfp pic.twitter.com/a2VI2idmyq
— Page Six (@PageSix) February 4, 2026
Извор близок до парот тврди дека Бруклин користел ласерски третман за да ја измени тетоважата посветена на неговиот татко.
„Сакаше да исчезне“, изјавил изворот за „Сан“.
Истиот извор наведува дека Бруклин претходно ја прекрил и тетоважата на градите која била посветена на неговата мајка, Викторија Бекам.

„Фактот дека Бруклин ги отстранува тетоважите посветени и на Викторија и на Дејвид сигурно ќе ги повреди длабоко. Тоа изгледа многу сурово и само дополнително ја влошува ситуацијата“, додал изворот.
Претставник на Бруклин Бекам не одговорил веднаш на барањето за коментар во врска со промената на тетоважите.
Семејниот конфликт меѓу Бекамови ескалираше минатиот месец, кога Бруклин преку инстаграм-приказна објави остра порака во која јавно ги нападна своите родители. Тој тогаш изјави дека не сака помирување со семејството и ги обвини дека се обидуваат да го уништат неговиот брак со Никола Пелц. Дополнително, изнесе и сериозна обвинување дека неговата мајка Викторија „непримерено танцувала“ со него на неговата свадба во 2022 година.


