Бритни Спирс го моли судијата да ја ослободи од татко ѝ кој и го контролира животот полни 12 години

Фото: Инстаграм

„Поп принцезата“ сака да го промени нејзиниот старател откако 12 години тој е на таа функција…

Американската пејачка Бритни Спирс (38) штотуку презеде важен чекор во правната битка која се однесува на старателството над неа, со кое во моментов управува нејзиниот татко Џејми Спирс (68) и новоименуваната „Bessemer Trust Company“.

Имено, 38-годишната поп принцеза сега сака таа компанија да биде нејзиниот единствен старател, пишува во судските документи до кои дојдоа странските медиуми.

Фото: Инстаграм

Оваа желба, доколку се одобри, би го тргнала Џејмс Спирс од функцијата старател која ја врши од 2008 година, освен во периодот кога привремено ја напушти функцијата поради лошата здравствена состојба во 2019 година.

Овој најнов правен потег е поттикнат од тоа што поранешната компанија која управувала со работата, имотот и парите на Бритни, „Tristar Sports and Entertaiment“ поднела оставка без претходна најава, а адвокатот на Бритни, Семјуел Ингам тоа го дознал преку писмо на 28-октомври оваа година.

Фото: Инстаграм

– Таткото на Бритни го избрал Мајкл Кејн (кој работеше и за Мајкл Џексон) да го пополни тоа место на 1-ви ноември без никакво претходно интервју или разгледување на алтернативите, изјави адвокатот на Бритни.

Џејми го одобрил новиот старател на Бритни, компанијата „Bessemer Trust Company”, пишува во документите.

Адвокатот на Бритни оцени дека ова е обид на Џејми да ја задржи целосната контрола над имотот и средствата на Бритни, над докуметите и евиденцијата, и покрај приговорите на Бритни.

Фото: Профимедиа

Ингам сега во име на Бритни сака Џејми да се суспендира од улогата старател веднаш по именувањето на „Bessemer Trust” и оваа компанија да остане нејзиниот единствен старател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот