Бритни ја загуби битката: Судот го одби нејзиното барање

EPA EFE
Фото: EPA/NINA PROMMER

Американскиот суд го одби барањето на Бритни Спирс нејзиниот татко да се отстрани од позицијата нејзин старател. Џејми Спирс е законски старател на својата ќерка веќе 12 години, поради загриженоста за нејзиното ментално здравје.

Самјуел Ингам, адвокатот на поп ѕвездата, изјави дека Бритни се „плаши“ од својот татко како и дека нема да настапува се додека тој е на таа позиција.

Адвокатот на нејзиниот татко тврди дека Џејми секогаш постапувал во најдобар интерес за својата ќерка. Судијата изјави дека ќе ги разгледа идните жалби за негово отпуштање или целосно отстранување.

Фото: Инстаграм

Во меѓувреме, на барање на Бритни Спирс, финансиската компанија „Bessemer Trust“ е именувана за ко-старател.

Во текот на сослушувањето во вторникот, Ингам изјави дека таа и нејзиниот татко немаат „одржлив однос“ и дека тие „долго не разговарале“.

Но Вивијен Торин, адвокатот на Џејми Спирс, тврди дека причината за тоа дека не разговарале е што господинот Ингам ја советувал Бритни да не комуницира со нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм

Госпоѓата Торин исто така го бранеше начинот на работа на Џејми Спирс како грижлив и посветен старател.

Правната битка се одвива во позадина на движењето „Ослободете ја Бритни“ – на групата обожаватели кои веруваат дека Бритни ја држат во заробеништво како нејзиниот татко така и други учесници во овој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот